9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го доведе „чудото“ од Мајорка!

Реал го доведе „чудото“ од Мајорка!

asensio346

Младиот, 18-годишен Марко Асенсио е нов играч на Реал Мадрид!

Фудбалерот од средниот ред на Мајорка, оваа сезона игра навистина неверојатно и со тоа го привлече вниманието на големите клубови.

Мајорка со сите сили се трудеше да го задржи, но реално немаше големи шанси против гигантите како што се Реал или Јунајтед, за кој исто така се зборуваше дека се заинтересирани.

Самиот Асенсио откри дека потпишал договор со Реал…

„Потпишав договор со Реал Мадрид и премногу сум среќен. Ова е исполнување на мојот сон. Договорот е на пет сезони и со нетрпение чекам да заиграм на најголемата сцена“, вели Асенсио.

Овој млад играч ќе остане во Мајрока до крајот на сезоната, а сигурно и наредната ќе биде на позајмица во некој клуб, поради тоа што конкуренцијата во Реал е премногу голема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП