Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп нема намера да поднесе оставка и покрај слабите резултати во Бундеслигата. Неговиот тим загуби со 0: 2 од Ајнтрахт и е на последното место со 11 поени.
„Разбирам дека новинарите имаат такви мисли (да ја напушти функцијата), но не се движам во таа насока. Јас сум одговорен човек“, рече Клоп.
„Ако станува збор само за среќа и со смената на тренерот ќе ја предизвикате, само треба да ми се јавите и ќе се повлечам. Но не е толку едноставно. Додека некој не дојде кај мене да ми каже:„ Имаме човек кој е добар“, нема да си заминам“, потенцира тренерот на „милионерите“.
Борусија загуби седум од последните десет натпревари. Сепак тимот е на бод од зоната за спас и на десет од четвртото место.
„Го разбирам разочарувањето на приврзаниците и тоа е сосема нормално, но сепак фудбалерите направија се“, изјави Клоп.