3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ очекувано славеше против Металург

ПСЖ очекувано славеше против Металург

mtal

Македонскиот ракометен шампион Металург претрпе пораз на гостувањето во Париз кај ПСЖ со 35:24 (19:10) во натпревар од 7.коло од групата А од Лигата на шампионите.

Ова беше очекуван исход на дуелот по низата проблеми што ги имаше Металург во изминатиов период.

Домашните ракометари од самиот почекот на натпреварот навестија дека се подготвени за надигрување и ја казнуваа секоја грешка на Металург пред се во нападот.

На полувремето резултатот беше 19:10. Во вториот дел ПСЖ ја имаше и највисоката разлика од 14 голови
предност, но Металург успеа да намали до крајот на дуелот.

Екипата на ПСЖ постигна дури десет голови од контранапади, а Металург само еден.

Со по шест голови најефиксани во своите екипи беа Никола Маркоски кај Металург и Марко Копљар во ПСЖ.

За одбележување од натпреварот е што и двајцата млади ракометари на Металург се запишаа во стрелците: Мартин Манасков постигна два гола и Марко Нелоски еден.

На чело на табелата во А групата е Кил со 12 бода, пред ПСЖ со 10, Ла Риоха има 7, Загреб 6, Мешков Брест 5, а Металург 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП