19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеда за ракометарите на Вардар за второто место во групата од Лигата...

Победа за ракометарите на Вардар за второто место во групата од Лигата на шампионите

vardar

Ракометарите на Вардар во рамки на 7.коло од Лигата на шампионите вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ја совладаа екипата на Цеље со 34:32 (19:17).

Со овој триумф „црвено­црните“ се чекор поблиску до пласман на втората позиција во групата Ц.

Во првиот дел се водеше изедначена борба и по добриот почеток на Вардар, гостите направија пресврт и во два наврати имаа и предност.

Играчите на Вардар се вратија брзо и во средината на првиот дел резултатот дури седум пати беше изедначен. Откако ги казнуваа
грешките на противникот, Вардар на полувремето замина со два гола предност 19:17.

Во текот на целото второ полувреме македонскиот тим имаше предност, а во последните десет минути и највисоки + 5 (32:27).

Во овој дел од играта се истакна Сергеј Горбок, кој сите пет голови ги постигна во вториот дел.

Најефикасни кај Вардар беа Тимур Дибиров со 7 голови и Иван Карачиќ со 6, додека кај гостите и на натпреварот најпрецизен беше Иван Слишковиќ со 9 голови, а Миха Зарабец постигна 7 (сите во првиот дел).

Во рамките на Ц групата Веспрем го победи Чеховски Медведи со 38:31. Третиот натпревар од групата вечерва го играат Монпеље и Рајн Некар Ловен.

Табела: Веспрем 14 бодови, Вардар 9, Рајн Некар Ловен 6, Монпеље 6, Цеље 4, Чеховски Медведи 1.

Вториот македонски тим во Лигата на шампионите Металург утре ќе игра против ПСЖ на гости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП