23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн забележа рекорден промет од над 500 милиони евра

Баерн забележа рекорден промет од над 500 милиони евра

pret baern

Германскиот шампион Баерн постигнал рекорден промет за 2013-14 година. Финансиските анализи покажуваат дека за прв пат, тој е над 500 милиони евра.

За време на годишното генерално собрание претседателот на „Баварците“, Карл Хопфнер и неговите колеги посочија дека прометот е 528.7 милиони евра.

Тоа е скок со речиси 100 милиони евра во однос на претходната година (432.8 милиони евра). Мал раст има и во добивката по даноците – пред година била 14 милиони, а сега е 16 милиони.

„Баерн може пред челновите да се претстави резултати, какви што никогаш пред тоа немаше во историјата. Нема сомневање дека во спортски и финансиски план клубот е на ниво какво што никогаш порано не бил“, изјави извршниот директор Јан-Кристијан Дресен.

Во последните години тимот постигна големи успеси под водство на Јуп Хенкес и Пеп Гвардиола. Баварците играа три пати во финалето на Лигата на шампионите од 2010-та година, а во 2013-та година се искачија на тронот.

Членовите на клубот се зголемија двојно за десет години. Тие веќе се 251 илјади спрема 104 илјади во 2004-та година. Баерн има и рекордни приходи од продажбата на телевизиските права надвор од Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП