19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА ги објави номинираните халфови за идеалниот тим на годината (видео)

ФИФА ги објави номинираните халфови за идеалниот тим на годината (видео)

halfovi

ФИФА ги објави номинираните 15 играчи од средниот ред кои ќе се борат за место во идеалниот тим на годината.

Имињата на избраниците ќе бидат објавени во текот на доделувањето на „Златната топка“, што ќе се одржи во Цирих на 12-ти јануари 2015-та година.

Од ФИФА веќе ги открија 5-те голмани и 20-те дефанзивци, кои ќе се борат за место во идеалниот состав, а на 1-ви декември ќе бидат познати и 15-те напаѓачи.

Играчите, селектирани во „Тимот на годината“, се избираат од фудбалери од целиот свет, а минатата година беа избраните халфовите Чави и Иниеста од Барселона, како и Франк Рибери од Баерн.

Листата со номинирани халфови: Чаби Алонсо (Шпанија/Баерн Минхен), Анхел ди Марија (Аргентина/Манчестер Јунајтед), Цеск Фабрегас (Шпанија/Челзи), Еден Азард (Белгија/Челзи), Чави Ернандез (Шпанија/Барселона), Андрес Иниеста (Шпанија/Барселона), Тони Крос (Германија/Реал Мадрид), Лука Модриќ (Хрватска/Реал Мадрид), Месут Озил (Германија/Арсенал), Андреа Пирло (Италија/Јувентус), Пол Погба (Франција/Јувентус), Хамес Родригез (Колумбија/Реал Мадрид), Бастијан Швајнштајгер (Германија/Баерн Минхен), Јаја Туре (Брегот на Слоновата Коска/Манчестер Сити) и Артуро Видал (Чиле/Јувентус).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП