2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКатар плаќа 50 милиони фунти годишно за трка од F1

Катар плаќа 50 милиони фунти годишно за трка од F1

katar formula

Катар планира Гран при во Формула 1, откри Берни Еклстоун. Земјата цели да гради врз веќе тековните спортски проекти, од кои едниот е контроверзното домаќинство на Светското фудбалско првенство во 2022-та година.

Се смета дека организаторите од Катар се подготвени да платат 50 милиони фунти (околу 80 милиони долари) на Еклстоун за правото да организираат трка од Формула 1. Тоа е речиси 4 милиони над досегашната највисока такса – онаа на Абу Даби . Комерцијалните права на „F1„ во принцип се склучуваат за слични договори за барем десетгодишен период, а тоа значи дека вкупниот приход би можел да изнесува половина милијарда фунти.

Уште една трка во Блискиот Исток, сепак ќе ја измести рамнотежата во развој на спортот, што не секогаш се зема како добро и правилно. Големата Награда на Катар би била третата трка во регионот, заедно со оние во Абу Даби и Бахреин, додека во Северна Америка на пример се два – САД и Канада. Натпреварите на патеките во Европа пак се намалуваат најмногу поради суровите такси.

„Се разгледуваат сите можности. Од Катар не потпишале, но се подготвени да го сторат тоа“, коментира Еклстоун.

Според 84-годишниот Англичанец три натпреварувања во Блискиот Исток воопшто не се премногу. Тој не дава повеќе информации, но се смета дека трката може да биде вклучена во календарот за 2017-та година.

Сезоната 2014-та година беше со 19 натпреварувања. Догодина во шампионатот ќе се врати Мексико, а во 2016-та ќе се приклучи и Азербејџан. Еклстоун изјави дека според него не му е потребно согласност на тимовите, ако сака да го зголеми календарот на над 20 трки.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП