22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФалкао нема да остане во Јунајтед?

Фалкао нема да остане во Јунајтед?

falkao 34

Претпоставките во врска со тоа дали Манчестер Јунајтед ќе го откупи договорот на колумбискиот фудбалер не престануваат.

Радамел Фалкао во Јунајтед пристигна во текот на летото како позајмен играч од Монако и беше еден од најатрактивните трансфери во изминатиот преоден рок.

Англиските медиуми шпекулираат дека Јунајтед платил околу 6 милиони за едногодишна позајмица, и дека има можност за откуп на целиот договор за сума од околу 45 милиони фунти, како и дека тоа би можело да се реализира уште во текот на зимата.

Самиот Фалкао говореше за тоа дека би сакал да остане во Јунајтед и во иднина, но за емоциите нема место во фудбалот и со тоа дефинитивно се согласува и самиот Ван Гал.

Колумбиецот во досегашниот дел од сезоната поради повреда настапи на само пет средби, а го пропушти и последниот дуел, дербито со Арсенал поради проблеми со муслулот на потколеницата. Се зголемуваат тврдењата дека и Ван Гал е загрижен за физичката состојба на фудбалерот кој претрпе сериозна повреда, поради која не играше ниту во Бразил.

Во врска со тоа, се поголеми се мислењата дека Фалкао нема долго да остане на „Олд Трафорд“.

„Доколку продолжи ваквиот тренд и доколку Фалкао редовно ги пропушта натпреварите, тешко дека Јунајтед ќе сака да го откупи неговиот договор. Ситуациајта ќе биде проценета во наредниот период“, смета легендата на Саутемптон, Мат Ле Тисие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП