4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмате предиспозиции за рак? Избегнувајте го ова!

Имате предиспозиции за рак? Избегнувајте го ова!

sapuni-sapun-tecen-obichen

Доколку имате генетски предиспозиции за рак или постои некој друг фактор, многу е важно да ги избегнувате сите козметички производи кои содржат триклосан!

Станува збор за супстанца која се наоѓа во течните, но и во обичните антибактериски сапуни, а може да го забрза растот на туморите.

Канцерогената хемикалија триклосан, потврдено е со најновото истражување објавено во магазинот „Proceedings of the National Academy of Sciences“ доведена е во врска со алергиите кај децата, болестите на штитната жлезда, но и растот на канцерогените тумори.

„Загрижени сме поради триклосанот, бидејќи е присутен секаде во нашата околина, изјави професорот Роберт Тукеј од Универзитетот во Калифорнија.

Триклосан е дезифициенс кој ги убива бактериите, а сапуните не се единствените кои го содржат, туку го има и во пастите за заби, дезодорансите, шампоните за домашните миленици, средствата за чистење на кожата, спрејовите и кремите за стапалата, купките, освежувачите за уста, кремите, пената и гелот за бричење.

Водете сметка кога ги купувате овие произоди и задолжително читајте го нивниот состав!

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП