18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО20 дефанзивци ќе се борат за да бидат меѓу четворицата најдобри во...

20 дефанзивци ќе се борат за да бидат меѓу четворицата најдобри во светот

defanzivcii 2

Тројца светски шампиони со Германија од ова лето во Бразил може да се надеваат дека ќе се најдат меѓу најдобрите дефанзивци во идеалниот тим на ФИФА за 2014-та година. Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Џером Боатенг и Филип Лам (и двајцата од Баерн) се во листата на номинираните 20 дефанзивци од целиот свет. Баерн е претставен уште и од австрискиот репрезентативец Давид Алаба.

Тимот на годината се изготвува од фудбалери од целиот свет, а според регулативата на ФИФА, за него гласаат десетици илјади професионалци. Тие треба да изберат еден голман, четворица дефанзивци, како и по тројца халфови и напаѓачи.

Сите 11 фудбалери во идеалниот состав ќе бидат објавени на 12-ти јануари 2015-та година, кога на гала вечер во Цирих ќе биде доделена и „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот за 2014-та година.

Номинациите за четворицата најдобри дефанзивци во светот: Давид Алаба (Австрија/Баерн), Жорди Алба (Шпанија/Барселона), Дани Алвеш (Бразил/Барселона), Џером Боатенг (Германија/Баерн), Даниел Карвахал (Шпанија/Реал Мадрид) Давид Луис (Бразил/ПСЖ), Фелипе Луис (Бразил/Челзи), Диего Годин (Уругвај/Атлетико Мадрид), Матс Хумелс (Германија/Борусија Дортмунд), Бранислав Ивановиќ (Србија/Челзи), Винсент Компани (Белгија/Манчестер Сити), Филип Лам (Германија/Баерн), Марсело (Бразил/Реал Мадрид), Хавиер Маскерано (Аргентина/Барселона), Пепе (Португалија/Реал Мадрид), Жерард Пике (Шпанија/Барселона), Серхио Рамос (Шпанија/Реал Мадрид), Тиаго Силва (Бразил/ПСЖ), Рафаел Варан (Франција/Реал Мадрид), Пабло Забалета (Аргентина/Манчестер Сити).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП