2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПретстојат уште спектакуларни битки во Лигата на Шампионите

Претстојат уште спектакуларни битки во Лигата на Шампионите

ls ms

Денес ќе се одиграат уште 8 натпревари од петтиот круг во групната фаза на Лигата на шампионите. Некои од тимовите веќе си обезбедија место во следната фаза, но други ќе се борат со „заби и нокти“ за пласман во осминафиналето. Битката меѓу Лудогорец и Ливерпул на стадионот „Васил Левски“ ветува дека е повеќе од возбудливa, бидејќи и двата тима имаат потреба од победа. Во исто време, актуелниот европски шампион Реал Мадрид гостува на Базел со амбиција да продолжи со безгрешната серија од почетокот на турнирот.

Во групата „А“ Атлетико Мадрид го пречекува Олимпијакос и ќе бара реванш од Грците за поразот со 2: 3 на стартот. При победа тимот на Диего Симеоне ќе е сигурен осминафиналист. Во другиот натпревар од групата Јувентус гостува на Малме и се очекува задолжителен успех, за да ги зголеми шансите за пласман напред.

Во групата „Ц“ Монако ќе се обидат да извлече барем бод од „аспирините“ кои се на чело во генералниот пласман и при победа ќе се квалификуваат во осминафиналето. Во раниот натпревар Зенит ја пречекува Бенфика, откако двата тима имаат ист баланс и поразениот практично ќе отпадне од битката за едно од првите две места.

Во групата „Д“ Борусија (Дортмунд) има 4 победи од 4 натпревари, а денес гостува на Арсенал, кој исто така може да обезбеди место во следната фаза. Можно е ова да се оствари дури и при реми, но ако во другата средба Андерлехт не го победи Галатасарај. Турците се последни на табелата и гостувањето во Белгија се јавува директен судир за третото место.

18:00 часот:

Зенит – Бенфика

20:45 часот:

Лудогорец – Ливерпул

Базел – Реал Мадрид

Баерн (Леверкузен) – Монако

Малме – Јувентус

Атлетико (Мадрид) – Олимпијакос

Арсенал – Борусија (Дортмунд)

Андерлехт – Галатасарај

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП