19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоџерс избра нов напаѓач!

Роџерс избра нов напаѓач!

berahin

Според информациите во денешните островски медиуми, моментално најдобриот стрелец во Премиерлигата од сите Англичани би можел во јануари да стане член на Ливерпул.

„Црвените“ оваа сезона имаат големи проблеми кога станува збор за ефикасноста на напаѓачите, Брендан Роџерс верува дека состојбата може да се промени со доведувањето на суперталентираниот Саидo Берахинo од ВБА.

21-годишниот напаѓач постигна 7 голови во првите 11 кола, моментално е четвртти на листата на стрелци во најсилното фубдалско натпреварување во Англија, а ниту еден домашен фудбалер не е поефикасен од него.

Тој постигна гол и против Ливерпул на „Енфилд“ во почетокот на октомври, кога ВБА беше поразен со резултат 2:1.

За одличните настапи беше награден и со повик од селекторот Рој Хоџсон во „А“ репрезентацијата.

Берахинo го посакува и Тотенхем, па поради тоа тие ќе им бидат најголема конкуренција на „црвените“ во реализацијата на овој план.

Во Ливерпул веруваат дека понудата од 15 милиони фунти ќе биде сосема доволна овој трансфер да се реализира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП