3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Перси си заминува!?

Ван Перси си заминува!?

van leave1

Раководството на Манчестер Јунајтед најверојатно се одлучило да се откаже од Робин ван Перси, а од финансиска страна ќе заштедат 10 милиони фунти во име на бонуси, кои треба да му ги дадат како поколон за „верноста“ во следните 18 месеци.

Во Јунајтед се незадоволни од ефектот на Холанѓанецот и неговата форма, па поради тоа сакаат да доведат поефикасен стрелец, пред се помлад.

Како што шпекулираат англиските медиуми, станува збор за две имиња.

Првиот е Едисон Кавани, Уругваецот од ПСЖ кој веќе подолго време се поврзува со заминување од Париз, а чија цена ќе биде околу 50 милиони фунти.

Второто име е Томас Милер, одличниот Германец, иднината на германскиот и светски фудбал, фантастичен играч кој токму Ван Гал го промовираше во првиот тим на Баерн Минхен. Милер остана во Баерн по неизвесното лето. Тој сакаше гаранција за својот статус во тимот, а и самиот говореше за можноста да си замине.

Нема сомневање дека Ван Гал, неговиот фудбалски татко, има предност во однос на секој друг потенцијален купувач.

Инаку, кога станува збор за Робин ван Перси, интерес за искусниот напаѓач покажаа два клуба од Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП