14 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИграта Call of Duty заработи повеќе од 10 милијарди долари (видео)

Играта Call of Duty заработи повеќе од 10 милијарди долари (видео)

Call-of-Duty-Advanced-Warfare333

По појавувањето на новиот дел од играта „Call of Duty“, oвој серијал досега има заработено повеќе од 10 милијарди долари. Оваа заработка се однесува на сите делови од серијалот, кој постои уште од 2003-та година.

Издавачот „Activison“ откри дека најновиот дел, „Advanced Warfare“, е најпродаваната игра досега во оваа година. Оваа компанија исто така откри дека новиот „Call of Duty“ има поголема заработка отколку филмовите, „Transformers“ и „Iron Men“.

Call of Duty“ серијалот генерално се продава многу добро уште од четвртиот дел кој се нарекува „Modern Warfare“. „Activison“ уште од 2004-та, секоја година претставува по едно продолжение, што доведе до тоа оваа франшиза толку бргу да достигне до голема заработка.

„„Advanced Warfare“ доби одлична оценка од аналитичарите, а одговорот од фановите е феноменален. Веруваме дека оваа игра ќе биде најдобра во оваа година и им се заблагодаруваме на фановите што го овозможија тоа“, објави компанијата „Activison“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП