24 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо сака да го „украде“ талентот на Реал!?

Мурињо сака да го „украде“ талентот на Реал!?

alvaro medran

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо најверојатно ќе го налути својот поранешен клуб, Реал Мадрид, доколку го „украде“ еден од неговите најголеми таленти. Станува збор за младиот играч Алваро Медран.

20-годишниот играч важи за една од најголемите надежи на Шпанија, а во последните недели заслужи место во првиот тим. На позадината на ѕвездите со кои Карло Анчелоти располага, постигнувањето на младиот телент изгледа уште повеќе импресивено.

Техничарот Медран честопати е споредуван со својот соиграч Лука Модриќ, најмногу за неговите способности со топка во нозете. Во исто време, сепак, халфот знае и како да бележи голови, затоа што има 13 погодоци во 47 натпревари за третиот тим на Реал, а последователно бележи 7 во 21 дуели за Реал Мадрид Кастиља.

Тешко е да се поверува дека „кралевите“ ќе го дадат својот адолесцент без борба, но не е исклучено Медран да тргне по стапките на Алваро Мората, кој ова лето го напушти европскиот шампион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП