2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи се согласи да го продаде Чех во Арсенал

Челзи се согласи да го продаде Чех во Арсенал

petr chex 2

Деновите на ветеранот Петр Чех во Челзи изгледа се изброени. Според весникот „Дејли Стар“, „сините“ постигнале принципиелен договор за неговата продажба во конкурентот за титулата, Арсенал.

Трансферот би требало да се реализира во јануари. Изданието тврди дека е одредена и договорена дури трансферната сума за голманот. За него „топџиите“ ќе платат 7 милиони фунти.

Од почетокот на сезоната чешкиот репрезентативец е постојана резерва на младиот Тибо Куртоа, кој се врати во текот на летото по тригодишен период како позајмен играч во Атлетико Мадрид. Белгиецот е безгрешен и тоа го закотви Чех на клупата.

На ветеранот, кој на крајот на сезоната ќе наполни 33 години, таква ситуација воопшто не му се допаѓа и затоа ќе се дојде до овој трансфер. Уште во текот на летото имаше можност голманот да замине, но тогаш реши да остане и да се бори за своето место.

Ако договорот со „топџиите“ се оствари, на „Емирати“ Петр Чех ќе мора да се бори за стартното место со Војчех Шчесни. Полјакот сепак е доста колеблив во оваа сезона и со него, на Чехот ќе му биде изгледа доста полесно отколку со Куртоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП