15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИУчење преку телефон

Учење преку телефон

padasus

Во момент кога бројот на мобилните телефони го надминува вкупниот број на луѓето во светот, и училишатата почнуваат да го заземаат своето место на платформите на мобилните апарати и стануваат „подвижни“.

Новите истражувања покажуват дека повеќе од две третини студенти се заинтересирани да учат преку своите смартфони, а дури 70 отсто од студентите оцениле дека учењето преку телефон им ја зголемува желбата и мотивацијата за истото.

Со користење на телефоните или таблетите за учење, наставните материјали се достапни со еден клик – се пристапува до мултимедијалните содржини, се преземаат материјалите за учење во секој момент каде и да се наоѓа студентот.

Ваквото учење на иднината совршено им одговара на оние кои се во движење, кои се веќе вработени или многу патуваат.

Апликациите за учење нудат уште некои промени кои претходно не биле можни. Студентите сега можат да „погледнат“ во училницата кога и да посакаат.

Сите предавања кои се одржуваат во училницата во нивното училиште можат да ги следат во живо каде и да се
наоѓаат, но и активно да учествуваат во наставата.

Ваквите едукативни апликации им овозможуваат на студентите секогаш да бидат во контакт со своите професори и колеги.

Можат да се организираат и редовни онлајн консултации или групни чат-сесии.

Едно од главните предности на онлајн учењето со помош на апликации е тоа што на студентите им заштедува време, а истовремено ги добиваат сите потребни информации.

Пораките, вестите, инструкциите за учење, прирачниците и известувањата тие можат од своето училиште и студентската служба да ги добијат директно на својот мобилен телефон или таблет апарат.

Училиштето кое може да се посетува и да се заврши преку таблет или мобилен телефон станува се поизвесна иднина. Ваквиот концепт на образование исклучително лесно ќе се вклопи во барањата на модерниот начин на живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП