17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM и Lufthansa склучија договор вреден милијарда евра

IBM и Lufthansa склучија договор вреден милијарда евра

luf ibm

„IBM“ со германска „Lufthansа“ склучи милијарда евра вреден договор за „outsourcing“, според кој американскиот технолошки гигант ќе го превземе одделот за услуги во сегментот на инфромациско-технолошката (IT) инфраструктура и вработените.

Тој потег е дел од планот на „Lufthansа“ за реструктуирање и намалување на трошоците, со што подобро ќе се справат со конкуренцијата од брзорастечките компании во Европа и во реонот на Заливот.

Како што наведуваат од американскиот компјутерски гигант, во склоп на 7-годишниот договор, „IBM“ планира да ја зголеми ефикасноста на „IT“ процесот на германската авиокомпанија, што би требало да вклучува и зголемување на користењето на услугата „облак“. Тоа на „Lufthansа“ би требало да и донесе годишна заштеда од околу 70 милиони евра.

Според тој договор, чиј нацрт е направен во октомври, од „IBM“ би требало да бидат префрлени околу 1.400 вработени во одделот „Lufthansa Systems“.

Договорот би требало да го одобрат надлежните власти за заштита на конкуренцијата и надзорниот одбор на германската авио-компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП