9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал ќе добие отштета од ФИФА за повредата на Модриќ

Реал ќе добие отштета од ФИФА за повредата на Модриќ

luka povreda

Раководството на Реал Мадрид ќе добие 1.6 милиони евра како компензација од ФИФА за повредата на Лука Модриќ.

Фудбалерот заработи повредата при гостувањето на Хрватска кај Италија (1:1) во неделата од европските квалификации.

Во 28-тата минута тој имаше судир со Мануел Пасквал и двајцата принудно го напуштија теренот. Неодамнешните испитувања покажаа дека Хрватот има кинење на тетивите во предниот дел на бутот на левата нога и ќе остане надвор од игра најмалку три месеци.

Реал ќе добие 1.6 милиони евра, колку што е платата на фудбалерот за овој период. Сумата ќе биде обезбедена од ФИФА и нејзината „Protection Program“. Таа ги брани клубовите и им исплаќа бенефиции, ако нивен играч се повреди во дуелот од календарот на светската фудбалска федерација и е надвор од игра повеќе од 28 последователни дена.

Ако Модриќ има потреба од операција, времето за неговото закрепнување може да се зголеми до половина година, а надоместокот за „кралевите“ ќе се удвои.

Хрватот се претставува одлично од почетокот на сезоната, а настапи на 17 од 19-те натпревари на Реал. Тој се одлично се воигра со Тони Крос во центарот на полудефанзивата, а двајцата се во основата на добрите резултати на „белите“ кои се во серија од 13 последователни победи во сите натпреварувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП