2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ не се откажуваат од Хумелс

„Ѓаволите“ не се откажуваат од Хумелс

humels tat

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед го нема изгубено интересот кон светскиот шампион со Германија и дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, но ќе треба да плати за него 47 милиони фунти, ако сака да го привлече следното лето, пишува „Дејли Стар“.

По крајот на сезоната „црвените ѓаволи“ сигурно ќе испратат понуда за дефанзивецот, чиј договор со „милионерите“ е до летото 2017-та година.

Хумелс е на челната позиција во листата на Луис ван Гал за нови засилувања, но нема откупна клаузула во договорот со „жолто-црните“ и тие не би сакале да се разделат со него за помалку од 47 милиони фунти, информација која излезе пред некој ден.

Па единствениот начин на кој Хумелс може да се најде на „Олд Трафорд“, изгледа е да се претвори во најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Но, „ѓаволите“ имаат сериозен конкурент во трката за Германецот, а тоа е премиерлигашот Арсенал. „Топџиите“ исто така го посакува Хумелс, па ќе се обидат да го купат дефанзивецот во летниот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП