8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПотпишан најбогатиот договор во историјата на безболот

Потпишан најбогатиот договор во историјата на безболот

Giancarlo Stanton33

Американскиот професионален играч на безбол, Џанкарло Стантон (25) го потпиша најбогатиот договор во историјата на спортот, продолжувајќи ја соработката со својот досегашен клуб „Miami Marlins“ на уште 13 години за вртоглави 325 милиони долари.

„Ова е посебен ден. Среќен сум што Џанкарло се одлучи да ја посвети својата кариера на нас. Покрај тоа што е одличен играч, тој е фантастична личност. Исто така, одушевен сум и поради целиот наш спорт“, вели сопственикот на „Marlins“, Џефри Лорија.

Според овој договор, Стантон неможе да биде разменет во следните шест години.

Стантон оваа година предводеше во Националната лига со 37 „home run“, но „Marlins“ ја завршија сезоната со разлика победи и порази 77-85, па поради тоа останаа без настап во доигрувањата. Во сите пет досегашни години, колку Стантон игра во „Marlins“, клубот ниту еднаш не успеа да ја за заврши сезоната со позитивен сооднос.

Досега најбогатиот договор во американскиот професионален спорт беше оној на Мигуел Кабрера, кој во март потпиша 10-годишен договор со „Detroit Tigers“ вреден 292 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП