8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед забележа помал пад во приходите од очекуваниот

Јунајтед забележа помал пад во приходите од очекуваниот

man utd 305

Манчестер Јунајтед објави пад од 9.9% во приходите за првиот квартал на финансиската година – од почетокот на јули до крајот на септември.

Клубот денеска го објави финансискиот извештај за споменатиот период во кој забележале приходи од 88.7 милиони фунти. Тоа е за 9.8 милиони помалку во споредба со истиот период од пред една година.

Главната причина за ова е тоа дека „црвените ѓаволи“ не учествуваат во Лигата на шампионите, што се случува за прв пат од 1996-та година.

Во клубот останаа многу задоволни од резултатите, бидејќи се очекуваше падот на приходите да биде значително поголем – меѓу 38 и 48 милиони. Јунајтед, сепак ги балансира работите со зголемувањето на приходите од спонзорите и намалувањето на платите.

Трошоците за плати во клубот се намалени за 6.6% или до 49.4 милиони фунти. За истиот период пред една година тие беа 52.9 милиони.

Падот на трошоците за плати се должи на две работи – „црвените ѓаволи“ не плаќаат бонуси на играчите за Лигата на шампионите, а освен тоа во текот на летото се разделија со високоплатените фудбалери, како Немања Видиќ, Рио Фердинанд, Патрис Евра, Рајан Гигс, Дани Велбек, Хавиер Ернадес, Том Клеверли и Шинџи Кагава.

Во Јунајтед очекуваат дека приходите за целата финансиска година ќе се помеѓу 385 и 395 милиони фунти, што ќе биде околу 40 милиони помалку во однос на претходната година.

Од следната сезона сепак ќе влезе во сила импресивниот нов договор со Адидас, кој е во вредност од 750 милиони фунти за десет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП