29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMicrosoft станува најголемиот спонзор на „кралевите“

Microsoft станува најголемиот спонзор на „кралевите“

mic rm

Американската компјутерска компанија „Microsoft“ денес во текот на попладневните часови ќе потпише договор со Реал Мадрид. Ова ќе се случи во една од салите на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

На настанот ќе присуствуваат претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез и претставникот на „Microsoft“, Орландо Ајала.

Условите на договорот се уште не се објавени јавно, но сигурно „Microsoft“ ќе стане еден од најголемите спонзори на Реал Мадрид.

Јасно е дека целта е операцијата да даде маркетинг поттик, како на американската компанија, така и на Реал Мадрид.

Според неофицијалните податоци „Microsoft“ ќе инвестира над 400 милиони евра во Реал Мадрид.

Од американската компанија ќе вложат 400 милиони евра само во поправка на „Сантијаго Бернабеу“.

На крајот на минатиот месец Реал Мадрид потпиша спонзорски договор со нафтената компанија „IPIC“. Таа исто така е еден од главните спонзори на шпанскиот гигант и ќе помогне за реконструкција на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Договорот меѓу двете страни е за пет години. Финансиските параметри по него сепак се значително помали во споредба со договорот што Реал Мадрид ќе го потпише со „Microsoft“. Нафтената компанија ќе инвестира по 3 милиони евра годишно, а крајната сума може да достигне 20 милиони за целиот период на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП