19 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаполнете се со енергија во утринските часови: Еве што треба да појадувате

Наполнете се со енергија во утринските часови: Еве што треба да појадувате

76150_profimedia0010682100_630x0

Наполнете го телото со енергија веднаш по будењето. Подгответе си појадок кој ќе ви даде доволно енергија за денот да ви тргне добро и да бидете сити се до ручекот. Еве што би требало да појадувате.

Грчки јогурт

52863_shutterstock-110743415_630x0

Грчкиот јогурт е полн со протеини и има убав вкус. Додадете му свежо бобичесто овошје, џем со малку шеќер или мед доколку сакате да го засладите.

Интегрален тост

76148_profimedia0145429315_630x0

Кога ќе изедете тост од цело зрно пченица, подолго ќе бидете сити. На него можете да намачкате путер од кикирики за да внесете што повеќе хранливи материи, протеини и здрави масти.

Јајца

76149_profimedia0043369801_630x0

Јајцата се богати со железо, протеини и омега 3 масни киселини, па затоа се совршен појадок. Направете омлет со спанаќ и сланина за да имате комплетен оброк

Урда

76150_profimedia0010682100_630x0

Урдата е киселкаста и полна со претеини, па е добра и сама по себе и ако ја јадете со свеж зеленчук. Комбинацијата на калциум и протеини ќе ви ги одржи вашите коски силни.

Ореви

63261_profimedia0142691401_630x0 (1)

Бидејки имаат низок гликемиски индекс, оревите се совршен додаток во житарките кои ги појадувате, бидејќи ќе ве направат енергични. Освен тоа, откриено е дека оревите го намалуваат ризикот од срцеви болести така што го намалуваат нивото на холестерол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП