19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер: Подолски не е на продажба!

Венгер: Подолски не е на продажба!

venger podolski22

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер ги демантираше шпекулациите дека Лукас Подолски ќе го напушти тимот. Германскиот репрезентативец има само 45 минути од почетокот на сезоната во Премиер лигата и навести дека е подготвен да ја смени средината, но Венгер смета друго.

„Лукас игра на позиција, на која има голема конкуренција. Тој се приклучи на подготовките подоцна и му требаше време за да влезе во добра форма. Но, тоа не значи дека ќе не напушти во јануари. Тој не е на продажба. Во денешно време медиумите знаат повеќе за плановите на одделни клубови од самите нив. Во случајот со Подолски станува збор за шпекулација“, вели менаџерот на „топџиите“.

Тој исто така сподели, дека во 2012-та година сакал да го привлече Пол Погба од Манчестер Јунајтед пред Французинот да замине како слободен агент во Јувентус.

„Да тогаш бевме заинтересирани за Погба. Се обидовме да го купиме, но беше комплицирано. Не сме во контакт со неговите агенти. Останав многу изненаден од тоа дека Манчестер Јунајтед го пушти како слободен агент“, прокоментира Венгер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП