25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса и Реал во битка за Квадрадо

Барса и Реал во битка за Квадрадо

kvadrado 3354

Хуан Квадрадо минатото лето веќе беше виден на „Ноу Камп“ за сума од 40 милиони евра. Но овој трансфер не се реализираше поради неуспешната продажба на Дани Алвес.

Во меѓувреме „каталонците“ добија забрана за регистрирање на играчи, што Реал сака да го искористи и Колумбиецот да го облече во бело. Тие веќе му имаат испратено и понуда, но актуелниот играч на Фиорентина, нагласи дека сепак сака да види каква ќе биде судбината со Барселона, па дури потоа да ги разгледува понудите од другите клубови.

Барса го сака Колумбиецот на подолг период, па му понудиле договор на пет години, а во неговата брзина и експлозивност гледаат како идеална замена за Алвес. Од друга страна, Реал со овој трансфер би ја зајакнал својата дефанзивна линија, а во истовреме ќе им го украдат „пред нос“ на најлутиот ривал, но и на другите големи европски клубови.

Интересно е тоа дека „каталонците“ без оглед на моменталната забрана, веќе направија листа на желби за следното лето, а на неа покрај Квадрадо се наоѓа и шпанскиот репрезентативец Коке од Атлетико Мадрид и „фармацевтот“ Ларс Бендер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП