16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Граѓаните“ го посакуваат Иско

„Граѓаните“ го посакуваат Иско

isko 33

Манчестер Сити ќе се обиде да го привлече фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, во зимскиот трансфер прозорец, соопштуваат англиските изданија.

Според информациите „граѓаните“ се подготвени да понудат меѓу 40 и 50 милиони за 22-годишниот фудбалер.

Иско има договор со Реал Мадрид до летото 2018 година. Во него има ослободувчка клаузула која е во износ од 150 милиони евра.

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, одлично се познава со Иско и сака да го привлече во својот состав.

Пелегрини бара токму таков фудбалер во средниот ред како Иско. Сепак, останува да се види како ќе реагираат првите луѓе на „кралевите“ на оваа понуда, поради тоа што младиот Шпанец беше одлична замена за повредениот Бејл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП