22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија домаќин на Словачка во квалификациите за ЕУРО 2016

Македонија домаќин на Словачка во квалификациите за ЕУРО 2016

reprezentacija 22

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20 часот и 45 минути на Националната арена „Филип Втори“ го игра натпреварот од четвртото коло од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде Словачка која во Скопје доаѓа со максимални три победи во првите три кола.

Селекторот на нашата репрезентација Бошко Ѓуровски во пресрет на вечерашниот дуел се соочи со низа проблеми околу дефинирање на составот поради откажување на повредени играчи, како и отстранување на двајца репрезентативци поради недисциплина.

Сепак Ѓуровски најави офанзивна игра и атакување на бодовите, иако фаворитската улога ја препушти на гостинската репрезентација.

Словачка синоќа го одржа тренингот на „Филип Втори“. Нејзините ѕвезди Мартин Шкртел и Марек Хамшик очекуваат многу тежок натпревар, како што велат на жешкиот терен во Скопје, иако сметаат дека нивната репрезентација има поквалитетни индивидуалци.

Покрај средбата во Скопје, од групата Ц вечер уште играат: Луксембург – Украина (18 часот) и Шпанија – Белорусија (20:45).

Табела: Словачка 9 бодови, Шпанија 6, Украина 6, Македонија 3, Белорусија 1, Луксембург 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП