26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМацари не го дочека дербито со Милан, тој заработи отказ!

Мацари не го дочека дербито со Милан, тој заработи отказ!

macari 35

Интер го отпушти тренерот Валтер Мацари по 17-месечна работа во клубот. До разделбата дојде по незадоволителните резултати на „нероазурите“.

Мацари потпиша двегодишен договор во мај 2013-та година, откако пред тоа го водеше Наполи. Интер заврши петти во Серија А во минатата сезона и не успеа да се квалификува за Лигата на Шампионите.

Во оваа сезона, „нероазурите“ постигнаа четири победи во првенството и се наоѓаат на деветото место со 12 бодови заостанување зад лидерот Јувентус.

„Ви благодариме за посветеноста и професионализмот кој го прикажавте во овие 17 месеци“, објавија од 18-кратниот шампион на Италија во својата интернет страна.

Инаку, во текот на вчерашниот ден се појави информација, дека Мацари има доверба од сопственикот на клубот, но дека му бил поставен ултиматум да дојде до трите бода во градското дерби против Милан, сепак стратегот на дочека да ја предводи екипата на оваа средба.

Во италијанските медиуми веќе почнаа да се споменува името на поранешниот тренер на Интер, Роберто Манчини, кој освои три шампионски титули со тимот. По престојот во Италија, Манчини ги предводеше Манчестер Сити и Галатасарај, а во моментов е без работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП