16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед ја посакува ѕвездата на Хофенхајм

Јунајтед ја посакува ѕвездата на Хофенхајм

Germany Soccer Bundesliga

Манчестер Јунајтед сака да го доведе 23-годишниот играч на Хофенхајм, Роберто Фирмино за 25 милиони евра, пренесуваат европските медиуми.

Новиот репрезентативец на Бразил, веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи во Бундеслигата, а оваа сезона постигна три гола и три асистенции.

Според информациите, за Бразилецот се заинтересирани уште и Реал Мадрид, Челзи, Ливерпул и Баерн, но дека тој е најблиску до „Олд Трафорд“.

Фирмино кариерата ја започна во Фигуиренсе, а во Хофенхајм пристигна во 2011-та година. Минатата сезона блескаше во германското првенство со 16 погодоци (четврт стрелец) и 12 асистенции (втор асистент).

Пред неколку дена дебитираше за Бразил во убедливата победа над Турција од 4:0. Тој ги одигра последните 17 минути, а се очекува поголема минутажа да добие против Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП