14 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи објави рекордна годишна добивка

Челзи објави рекордна годишна добивка

Chelsea 14-15 Home Kit (4)

Челзи објави добивка од 18,4 милиони фунти за финансиската година до 30-ти јуни 2014-та година.

Сумата е рекордна во историјата на клубот и само втор случај во кој „сините“ излегуваат со профит, откако беа купените од рускиот милијардер Роман Абрамович во 2003-та година.

Првиот беше во 2012-та година, кога „сините“ имаа профит од 1,4 милиони фунти. Година подоцна, сепак забележаа речиси 50 милиони загуба, поради која едвај успеаја да се вклопуваат во рамките на финансискиот ферплеј на УЕФА.

Челзи објави исто и рекорден промет од 319.8 милиони за последната финансиска година. Тоа е зголемување за 61.1 милиони во споредба со претходната година.

Главните причини за значително подобрувања баланс на клубот се влегувањето во сила на новиот договор за телевизиските права во Премиер лигата и продажба на Хуан Мата и Давид Луис во вкупна вредност од 87 милиони фунти.

Во текот на летото Челзи потроши 60 милиони за привлекувањето на Диего Коста и Цеск Фабрегас. Но, овој износ не влегува во извештајот, бидејќи трансферите беа финализирани по 30-ти јуни, но и покрај тоа „сините“ можат да бидат целосно сигурни за финансискиот ферплеј.

„Клубот е многу задоволен од резултатите за 2013/2014 година. Со достигнувањето до полуфиналето на Лигата на шампионите и учеството во борбата за титулата до последниот ден од сезоната, ние докажавме дека додека го подобруваме финансискиот биланс, продолжуваме да бидеме конкурентни во најтешките фудбалски турнири“, изјави претседателот на клубот Брус Бак.

Од Челзи велат дека се забележува минимален раст во приходите од домашните натпревари, но тој нема како да биде значителен, се додека капацитетот на „Стемфорд бриџ“ не се зголеми, бидејќи цените на билетите се исти од 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП