26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМацари ќе добие отказ ако загуби од Милан!

Мацари ќе добие отказ ако загуби од Милан!

Italy Soccer Serie A

Тренерот на Интер, Валтер Мацари ќе добие отказ, доколку овој клуб загуби од Милан во претстојното градско дерби, пишуваат италијанските медиуми.

Мацари е под голем притисок во последните неколку недели поради лошите резултати, поради што беше испратен со свирежи од навивачите.

Тој во повеќе наврати доби јавна поддршка од претседателот на клубот, Ерик Трохир, но „Кориере дело Спорт“ тврди дека индонезискиот бизнисмен има се помалку трпение.

Овој весник наведува дека на Мацари му е кажано, дека Интер мора да освои најмалку шест бодови во дуелите против Милан, Рома и Удинезе, но и дека евентуалниот пораз од градскиот ривал, скоро сигурно ќе значи и негов крај на клупата на „нероазурите“.

Доколку Мацари и „преживее“ до крајот на сезоната, а Интер не се квалификува за европските натпреварувања, тој исто така ќе биде отпуштен.

Кориере дело Спорт“ пишува дека во тој случај, сегашниот тренер на Сампдорија, Синиша Михајловиќ, ќе биде главниот фаворит за наследник на Мацари.

Интер по 11 одиграни кола е на деветото место на таблета во Серија А со 16 бодови. Натпреварот меѓу Интер и Милан ќе се игра наредната недела на 23-ти октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП