17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.11.2014

Дневен хороскоп 11.11.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Тотално сте конфузни во меѓучовечките односи бидејќи неколку нешта не ви одат од рака. Сакате да постигнете многу, а не сакате да ги откриете своите намери, со што ја затворате можноста некој да ви помогне. Некој успеал многу да ве збуни. Месечината и Нептун ќе влеат нервоза кај конзервативните претставници.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денот ќе ви биде многу динамичен, исполнет со дружење, нови идеи како и обиди барем некои од нив да се реализираат. Сепак треба да ве предупредиме дека поголемите желби и планови не ќе можат да ви се исполнат иако вие многу се надевате. Некои од вас многу погрешно ќе ги проценат шансите и ќе дадат неодмерени изјави.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можност за средба со личност која доаѓа од далеку. Контактите со странство се успешни и постои можност вашиот партнер или член од семејството конечно да донесе решение за заминување во странство. Во работата внесете што повеќе спортски дух и расположение. Наполнете се со позитивна енергија, доаѓаат среќни моменти.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Имате јасно разработен план како да го убедите Јарецот да ви овозможи шанса во врска со новиот проект. Ако се обидувате да продолжите да соработувате со некоја Вага ќе ви биде потребно трпение, особено ако се работи за некоја блиска личност. Најдете нешто во кое ќе ја вложите вашата енергија и ќе се ослободите од нервозите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Некој планира да ве повика на важен состанок. Но, вие денес нема да можете да и се посветите на работа, поради проблемите кои ќе се појават во љубовта. За пријателите и соработниците ќе бидете одлично друштво. Не ги нагласувајте дополнително грешките на партнерот, можен е прекин на врската.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не се нервирајте бидејќи новата работа не тргнала во посакуваниот правец. Некој Лав ќе ви подари одлични совети кои уште веднаш можете да ги примените. Некој ќе биде сериозен во намерите да ве убеди дека грешите, но не му обрнувајте внимание. Потешкотиите во емотивниот живот, решете ги со отворен разговор.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Подгответе се однапред денеска ве очекува многу работа. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Не дозволувајте некој злобен колега да ви ги расипе вашите работни планови. Во љубовниот живот не ги ги сокривајте емоциите, кажете отворено што мислите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во очекување сте на вест од некој кој неодамна сте го сретнале и сте разговарале за некоја важна работа. Некој Јарец или друга Шкорпија ќе се заинтересираат за вашите идеи. Во моментов малку работи се случуваат во ваша корист, не се грижете, се ќе помине во најдобар ред. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денот е поволен поради транзитот на Сонцето кое вас ве поттикнува да барате некои нови решенија за своите проблеми, особено ако на работа ви е потребна инспирација. Поголеми оптимисти сте во однос на претходните денови иако имате многу незавршени обврски. Имате впечаток дека некој е подготвен да го прекрши договорот со вас и да ве изневери.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Завртени сте кон пријателите и оние кои ви нудат некаков вид на помош за вашите проблеми. Разговорите во четири очи можат да бидат многу успешни. Иако имате намера некого да го убедите да го прифати вашиот стил на работа, сеуште не сте одлучиле како да го направите тоа. Сепак, овој ден ви нуди можност да најдете некое компромисно решение или да добиете добар совет.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Воздржете се од оргиналните предлози и не се обидувајте да протуркате несекојдневни идеи денес. Вечерва најверојатно ќе присуствувате на многу пријатна забава каде ке имате доволна можност да ја реализирате вашата индивидуалност. Некој ќе ги забележи вашите успеси.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ова е прилично напорен ден за оние кои не се во добри односи со членовите на семејството или кои имаат големи грижи поради нешто што не можат да го решат. Ќе добиете прилика да разговарате со некој кој прилично деликатно и нечесно се однесува со вас. Не навлегувајте во конфликти без претходно подготвени факти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП