7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс си најде работа во Шпанија

Мојс си најде работа во Шпанија

mojs spanija

Дејвид Мојс беше назначен за тренер на Реал Сосиедад. Договорот на Шкотланѓанецот ќе биде до крајот на следната сезона.

Поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер Јунајтед беше прв во листата на баскискиот клуб по разделбата со Хагоба Арас. По доста преговори Шпанците успеаа да го привлечат.

Желбата на Мојс беше да потпише подолг договор, тврди „Марка“. На крајот сепак тој се согласил да ја доврши оваа сезона, како и да е на чело на тимот и следната година.

Реал Сосиедад поминува низ тежок период. Баскијците го победија со 2:1 шампионот Атлетико Мадрид и ja забележаа само втората победа од 11 натпревари во првенството.

Мојс беше без работа по разделбата со Манчестер Јунајтед. Очекувањата и предизвикот пред него беа големи, бидејќи требаше да го замени сер Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“.

Под раководство на Шкотланѓанецот, сепак тимот не ги постигна саканите резултати и уште на крајот на првата сезона беше ослободен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП