ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ убедлив против Чилиќ на Мастерс купот

Ѓоковиќ убедлив против Чилиќ на Мастерс купот

novak

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на убедлив начин го почна настапот на Мастерс купот во Лондон.

Тој синоќа во првиот меч во рамките на А групата го совлада Марин Чилиќ со 6:1 и 6:1 во сетови.

Мечот траеше 57 минути што е најкусиот во историјата на Мастерсот што се игра во Лондон.

Ова беше 11.ти триумф за Ѓоковиќ во исто толку мечеви со Чилиќ.

Со евентуални победи и на другите два меча во групата Ѓоковиќ ќе го освои првото место на крајот од годината.

И во другиот дуел од оваа група резултатот беше потполно ист. Стан Вавринка го победи Томаш Бердих со 6:1 и 6:1.

Денеска на програмата се мечевите од 2.коло од Б групата: Рожер Федерер – Кеи Нишикори и Енди Мареј – Милош Раониќ.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП