Фудбалерот на Челзи, Оскар потпиша нов петгодишен договор. 23-годишниот Бразилец го продолжи договорот со „сините“ до летото 2019-та година.
Оскар беше привлечен на „Стемфорд бриџ“ од Интернасионал за сума од 19.35 милиони фунти во 2012-та година. Тој веднаш стана суштински дел од Челзи и веќе има 27 погодоци во 126 натпревари за тимот.
„Многу сум среќен, бидејќи сакам да играм за Челзи и да живеам во Англија. Веќе две години уживам тука, а сега ми претстојат уште пет, па сум многу задоволен“, изјави Оскар за клупската интернет страна.
Во оваа сезона Бразилецот има три гола и две асистенции во девет натпревари во Премиерлигата.
Со Оскар, Еден Азард, Цеск Фабрегас и Диего Коста, Челзи формираше многу силен напад. „Сините“ се убедлив лидер во Англија со 29 поени од 33 можни и со гол разлика 28:11, а во големите европски првенства, исклучиво Реал Мадрид има постигнато повеќе погодоци.
Во септември уште двајца од клучните играчи на Челзи, Тибо Куртоа и Сесар Аспиликуета ги обновија договорите до 2019-та година. До тогаш договори имаат исто Немања Матиќ, Фабрегас и Коста.