20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо подготви план како да го „украде“ Ројс од конкуренцијата!?

Мурињо подготви план како да го „украде“ Ројс од конкуренцијата!?

rojs sulre 223

Сите го сакаат младиот Германец, а тоа не е тајна, како ни тоа дека тој е на пат да го напушти Дортумд, можеби и пред крајот на сезоната. Мурињо веќе подготвил план, тврди „Bild“, во кој друг Германец ќе биде „мамката“.

Ројс е мета на неколку големи клубови. Полека му истекува договорот, клаузулата од 25 милиони евра е од следното лето, што е далеку под цената на пазарот и Дортмунд мора да започне да планира живот без германскиот репрезентативец. Кога ќе се земе во предвид дека веќе ја прокоцкаа сезоната, можеби Ројс ќе си замине веќе во јануари.

Одамна е познато дека за Германецот се заинтересирани Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, сигурно неможе да се заборават и Сити и Арсенал, практично сите кои имаат пари. Баерн е посебна приказна. Сега во трката се вклучи и Мурињо, кој има јасен план.

Ројс бара околу 230.000 евра неделно, а малкумина се тие кои можат да го платат тоа и да не ја нарушат структурата за плати. Меѓутоа, Португалецот има „мамка“ во ликот на Шурле.

Bild“ тврди дека Дортмунд го сака Шурле како замена. Тој сака да се врати назад во Германија, поради тоа што неможе да си обезбеди место во првите 11 во Челзи, а минутите кои сега ги добива не го задоволуваат.

Откако ги загуби Гетце и Левандовски, Клоп мора да планира живот и без Ројс. Шурле во тој случај би бил реална опција.

Сепак, гласините се дека Ројс сака во Барселона и дека нема желба да игра на Островот. Епилогот би можел да пристигне веќе во јануари, особено доколку продолжат лошите резултати на Дортмунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП