24 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед повторно ќе купува од Билбао!?

Јунајтед повторно ќе купува од Билбао!?

aymeric-laporte1

По Ерера, Јунајтед би можел да добие уште едно засилување од Баскија, нормално ако може да им се верува на медиумите од оваа шпанска покраина. Овој пат станува збор за штопер.

Не е тајна дека Јунајтед има проблеми во последната линија, кои ќе се обидат да ги решат барем со едно купување во јануари.

Мат Хумелс одамна е нивни избор, покрај слабите резултати на Дортмунд, можеби Клоп и ќе се одлучи да го продаде и полека да прави тим за наредната сезона, но постојат гласини дека Германецот посакува да оди во Арсенал и дека не е голем фан на Ван Гал.

Новата, реална „мета“, е Ајмерик Лапорте, Французинот кој игра за Атлетик Билбао. Тој е попотекло Баскиец и по Лизаразу, е вториот Французин кој го носел дресот на Билбао.

Лапорте кариерата ја започна во младинскиот тим на Атлетик, а минатата година стигна до првиот тим и на чекор од репрезентацијата на Франција. Игра на позицијата штопер, но и лев бек и може да му биде конкуреција на Рохо за позицијата лев штопер во формацијата на Ван Гал.

Тој има откупна клаузула од 27.5 милиони евра, што се чини дека е премногу за момче кое има само 20 години, но Јунјатед не му е проблем да го плати износот кој треба за играч кој го посакуваат. Па поради тоа останува да видиме што ќе се случи во зимскиот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП