17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.11.2014

Дневен хороскоп 10.11.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Како денот поминува така вие се повеќе ќе бидете заинтересирани да го обновите односот со еден Рак и една Шкорпија. Верувaте дека имате моќ да влијаете на мислењето на околината и да наведете некои драги лица да постапуваат на ваш начин. Не навлегувајте во политички расправии, ова не е поволен ден за тоа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Верувате дека ќе ги убедите Лавот и Вагата дека би требало да ви овозможат уште една шанса да го обновите вашиот деловен однос. Ако сте сигурни вo себе, покажете го тоа на начин кој нема да биде премногу нападен за ониe кои досега не ви верувале. Ќе добиете повик од некој кој никогаш не ве воодушевувал, но сепак го цените.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сакате да направите нешто што долго време го планирате. Ако ви се допаѓа некоја идеја или некој посмел чекор нема причина зошто да не го направите. Вратете им ги парите на oние на кои им должите. Еден Јарец, Овен или Шкорпија ќе ве провоцираат со нивните коментари.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некои претставници на овој знак ќе посакаат во работната околина или во самиот процес на работа да внесат некои новини за што денот е доста погоден. Можеби ќе имате и некој помал успех во работата кој нема многу да ви значи, бидејќи ќе биде резултат на тимска работа. Лавовите од третата декада ќе бидат во нешто подобро расположение од другите претставници.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе имате идеја како да ги решите проблемите во работата кои ги имате со некој Јарец или Шкорпија. Би требало да бидете во добри односи со Рибите. Чувствувате дека е потребно да промените нешто во својот став кон блиските соработници. Не дозволувајте гневот да го надвладее разумот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ви доаѓа нова енергија која ќе ви помогне во пребродувањето на тешкотиите на кои ќе наидете. Ќе бидете свесни за својата сила и ќе имате волја за да издржите во реализирањето на вашите оргинални идеи, иако околината тешко ќе ги прифати. Не чекајте туку веднаш почнете со уверувањето на вашите колеги за вашата генијалност.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекуваат некои помали неприлики. Ќе бидете немирни и чуствителни, па најповеќе внимание ќе треба да обрнувате на вашето здравје. Ако почуствувате зголемена потреба да промените нешто добро размислете, бидејќи промените нема да ви бидат поволни.

shkorpija1Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете подготвени да се впуштите во некои нови работи но невнимателноста и брзината при донесување на некои одлуки можат да дадат лоши резултати. Ќе бидете премногу амбициозни но недоволно организирани или малку и наивни.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Нема да можете да се контролирате, па ќе го кажете дури и она што не сте го мислеле. Приватниот живот е премногу комплициран, а за сето тоа можеби и вашиот партнер носи одговорност. Некој ќе ве излаже, со што дополнително ќе ве иритира.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе ве измачуваат непријателите, конкуренцијата, а ова ќе биде еден непријатен  ден во кој ќе слушнете неколку лоши вести. Имате потреба да направите нешто што одамна го планирате, но одложете го за некој друг поповолен ден. Некој Бик не знае дали заслужувате да ви ја подари довербата, бидејќи многу пати сте го изиграле.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Прилично сте напнати и можеби нерасположени бидејќи речиси ниту еден сегмент од животот не можете да го контролирате во толкава мера како што сакате. Би требало да се опуштите и да им дозволите на нештата едноставно да се случуваат. Бидете посериозни во кариерата, ќе ви биде подадена рака за помош, таа ќе ве насочи кон подобри нешта, нормално доколу прифатите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Напорен ден за вас ако по секоја цена сакате да направите нешто што ги надминува вашите финансиски способности. Ако се занимавате со научни истражувања, денес ќе доживеете голем успех. Се трудите да им бидете од корист на оние кои сметаат на вас. Во рамките на семејството сте премногу дарежливи и подготвени да го направите она што сите го очекуваат од вас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП