
Швајцарецот Рожер Федерер со победа го почна настапот на Мастерс купот што се одржува во Лондон.


Швајцарецот Рожер Федерер со победа го почна настапот на Мастерс купот што се одржува во Лондон.
Тој синоќа во вториот меч од Б групата го победи Милош Раониќ (Канада) со 2:0 во сетови.
Првиот сет убедливо го доби Федерер со 6:1 во гемови, а во вториот Раониќ постојано имаше предност и при водство од 6:5 не искористи сет топка.
Федерер се избори за тај брек и успеа да го добие со максимални 7:0.
Во првиот меч од групата Кеи Нишикори (Јапонија) го победи Енди Мареј (Велика Британија) со 2:0 (6:4 и 6:4).
Во рамките на А групата денеска се играат мечевите од 1.коло: Стан Вавринка – Томаш Бердих и Новак Ѓоковиќ – Марин Чилиќ.