26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба е „мета“ на Манчестер Сити!

Погба е „мета“ на Манчестер Сити!

pogba

Во медиумите се појави веста дека Манчестер Сити е заинтересиран да го доведе Пол Погба на крајот на оваа сезона.

Сепак, „граѓаните“ ќе имаат многу потешкотии доколку ова навистина го посакуваат, поради тоа што овој 21-годишен фудбалер потпиша договор со „бјанконерите“ до 2019-та година.

Некои од англиските медиуми, од друга страна, говорат за тоа дека раководството на Сити не е задоволно од настапите на Јаја Туре во оваа сезона и дека им е потребна соодветна замена. Причината за тоа е што тие веруваат дека овој фудбалер нема да игра на исто ниво од претходните сезони, имајќи во предвид дека е веќе во години.

Манчестер Сити располага со голем буџет, што го прави еден од најбогатите клубови на светот, па нема да им биде проблем да платат за овој фудбалер за кого Јувентус сигурно нема да бара мала сума.

Инаку, Погба го забележа својот 100-ти настап за Јувентус на средбата со Олимпијакос која се одигра во средата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП