
Како што пренесуваат одредени медиуми, тренерот на мадридски Атлетико, Диего Симеоне, би можел наскоро да го превземе ПСЖ.


Како што пренесуваат одредени медиуми, тренерот на мадридски Атлетико, Диего Симеоне, би можел наскоро да го превземе ПСЖ.
Претседателот на парискиот клуб, Насер Ал Калифи е незадоволен од резултатите во оваа сезона и сака да го промени тренрот Лоран Блан, а прва желба му е аргентинскиот стратег.
Ал Калифи е воодушевен од резултатите на Симеоне со Атлетико и го гледа како долгорочно решение на клупата на ПСЖ.
Симеоне минатата сезона изненадувачки ја освои титулата во Примера, а Атлетико играше и во финалето од Лигата на шампионите каде беше поразен до градскиот ривал Реал (4:1).
Инаку, Аргентинецот во својата тренерска кариера ги предводеше Расинг, Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија.