22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуис Адриано го привлече вниманието на Јувентус

Луис Адриано го привлече вниманието на Јувентус

luiz adriano 239

Шампионот на Италија Јувентус се подготвува да упати официјална понуда за напаѓачот на Шахтјор, Луис Адриано.

Весникот „Кориере дело спорт“ открива дека за да си набави средства за трансферот на бразилскиот голгетер, Масимилиано Алегри ќе се раздели со Себастијан Џовинко во јануари.

Раководството на Јуве останало импресионирано од настапите на Адриано во Лигата на Шампионите, каде што 27-годишниот играч не запира да постигнува погодоци. При успехот на Шахтјор над БАТЕ Борисов со 7:0, јужноамериканецот стана само вториот играч кој постигнал 5 гола на еден натпревар во ова натпреварување.

Благодарение на одличните настапи, Луис Адриано ја доби и првата покана за бразилската репрезентација.

Најверојатно Украинците ќе бараат сериозна сума за напаѓачот, а цената ќе биде помеѓу 25 милиони и 30 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП