17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХоланѓанецот ја призна грешката, го враќа Нани!

Холанѓанецот ја призна грешката, го враќа Нани!

nani van gal

Раководството на Манчестер Јунајтед донесе вонредна одлука да го вратат на „Олд Трафорд“ својот фудбалер Нани, кој во моментов игра како позајмен играч во Спортинг Лисабон.

Само 12 недели, откако „црвените ѓаволи“ одлучија да го испратат Португалецот во Спортинг до крајот на сезоната, менаџерот Луис ван Гал изразил желба повторно да располага со крилото.

27-годишниот играч беше испратен во Лисабон како дел од договорот за трансферот на Маркос Рохо. Заради тоа, Спортинг не плаќа позајмица за Нани, а покрај тоа Јунајтед плаќа голем дел од неговата плата.

Нани ретко добиваше шанса за настап, па поради тоа сите страни беа задоволни од договорот. Но, Ван Гал сепак не е задоволен од фактот дека единственото вистинско крило во неговиот состав е Анхел Ди Марија, поради тоа сака да ги зголеми своите опции. Покрај тоа, тој е импресиониран од формата која Нани ја демонстрира во Спортинг – 6 гола во 13 натпревари, меѓу кои 3 погодоци во 4 натпревари во Лигата на Шампионите.

Ако Спортинг и Нани се согласат на предвременото раскинување на договорот за позајмица, тогаш од португалскиот клуб сигурно ќе побараат дополнителни компензации. Се очекува во таков случај тие да добијат дополнителна сума за трансферот на Рохо, а Јунајтед да ја плаќа платата на евентуалниот заменик на Нани.

Во 2013-та година Нани потпиша нов 5-годишен договор со Манчестер Јунајтед, според кој со 6 милиони евра, тој е еден од најплатените играчи на „црвените ѓаволи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП