3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајдоброплатените спортисти во изминатата година

Најдоброплатените спортисти во изминатата година

mejveder boks

Американскиот боксер Флојд Мејведер повторно ја предводи листата на најдоброплатените спортисти во светот според списанието „Forbes“.

Мејведер, кој се уште нема пораз на професионалниот ринг, имаше само две средби во последните 12 месеци, но иако нема рекламни договори, тој успева да освои доволно од натпреварите со Канело Алварез и Маркос Мајдана – 105 милиони долари. Најголемо изненадување кај Мејведер е како тој заработува пари. Повеќето од останатите спортисти во рангирањето заработиле главно од рекламни договори, додека неговите пари доаѓаат целосно од натпреварите. Големиот договор со „Showtime TV“ му гарантира најмалку по 40 милиони долари од натпревар, но тој заработува сериозни суми и како промотор на други боксери.

Второто место во овогодинешното рангирање е за Кристијано Роналдо, кој за последните 12 месеци заработил 80 милиони долари. Првите три се оформуваат со кошаркарот Леброн Џејмс со приходи во износ од 71 милиони долари.

Веднаш по него е рангиран Лионел Меси, кој во последната година заработил 64 милиони долари. Уште една легенда од НБА ја оформува првата петорка. Тоа е Коби Брајант со 61 милиони долари, кој го надмина шестотпласираниот Тајгер Вудс (60.6 милиони долари).

Огромните приходи на Мејведер го прават само вториот човек во историјата, по Тајгер Вудс, кој заработувал над 100 милиони долари од спорт за една година. Од „Forbes“, сепак забележуваат дека ако биде земена инфлацијата, во минатото Мајкл Џордан, Михаел Шумахер и Мајк Тајсон исто освоиле по деветцифрени суми во една година.

Тајгер Вудс е на шестото место во овогодинешното рангирање, што е најниско место од 1997-та година. Голферот ја предводеше листата во 10 последователни години од 2002-та година, а Мејведер му го одзеде првото место во 2012-та година.

Во овогодинешното рангирање седмото место е резервирано за Роџер Федерер, кој се наоѓа многу пред другите тениски величини, како Рафа Надал (деветти со 44 милиони долари) и Новак Ѓоковиќ. Србинот е на 17-тата позиција, иако никој во тенисот не може да се пофали со подобра година од него.

Осмото место во рангирањето е за голферот Фил Микелсон кој за последната година заработил речиси 53 милиони долари.

Првите десет се формираат од Мет Рајан – одбранбен играч на тимот во американски фудбал Атланта Фалконс, кој може да се пофали со приходи во износ од 43 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП