18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОFIFPro: Поостри казни за неплаќачите!

FIFPro: Поостри казни за неплаќачите!

fifa 000

Синдикатот на професионални фудбалери (FIFPro) бара од „FIFA“ да ги заостри санкциите кон клубовите кои доцнат со плаќањата на заработувачката на фудбалерите.

„FIFPro“ прецизираше дека не бараат само да се сакнционираат клубовите, туку и играчите да бидат слободни и да им биде раскинат договорот по 30 дена доцнење на платите.

Моментално, клубовите имаат право да доцнат 90 дена во исплатата на платите, потсети „FIFPro“.

Генералниот секретар на „FIFPro“, Тео ван Сегелен рече дека тоа би било повеќе од фер потег на „FIFA“, со оглед дека играчите во моментов се финансиски злоупотребени според сегашниот систем.

Минатата сезона, играчи на Расинг Сантандер одбија да играат во четвртфиналето од Купот на Шпанија, поради тоа што платите им доцнеа четири месеци.

Играчите на кои им доцнат со платите се сметаат за ранливи за евентуални обиди за местење на натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП