18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ подготвуваат понуда за Коентрао

„Ѓаволите“ подготвуваат понуда за Коентрао

fabio-koentrao man utd

Левиот бек на Реал Мадрид, Фабио Коентрао е трансфер цел на Манчестер Јунајтед за јануарскиот прозорец. Ова го тврди весникот „Дејли експрес“, повикувајќи се на извори од англискиот клуб.

Според изданието, „црвените ѓаволи“ се подготвени да дадат 35 милиони фунти за Португалецот, кој исклучително ретко добива шанси за докажување на „Сантијаго Бернабеу“. Тој ќе биде конкурент на младиот Лук Шо, кој дојде од Саутемптон во текот на летото.

Менаџерот на Јунајтед, Луис Ван Гал има голем број проблеми со постојано повредените и казнети играчи во одбранбениот ред, затоа бара засилување во јануарскиот преоден рок. Коентрао очигледно му изгледа како идеална опција.

Португалскиот репрезентативец испадна од плановите на тренерот на Реал, Карло Анчелоти поради серијата повреди кои го мачат во последните месеци. Наместо него во последно време одлични партии остварува Марсело.

Конкуренција за потписот на Коентрао е ПСЖ, но со оглед на казната за нарушување на финансискиот ферплеј, Французите нема да можат да си дозволат голема сума за него, па поради тоа Манчестер Јунајтед е фаворит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП