17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.11.2014

Дневен хороскоп 06.11.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес нема да има граници за вас – ќе постигнете се што ќе наумите. На работа сите ќе посакаат да го земат вашиот пример, обидете се да останете такви до крајот на работното време. Некој Бик е отворен за деловна соработка со вас, внимавајте тој ја сака сигурноста, не сака детски работи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Овие денови ќе бидете во ситуација да повлекувате правилни потези и да донесувате успешни заклучоци. Занимавајте се со работа поврзана за договори, учење и се што има врска со јавноста. Успехот е очигледен. Ви претстои можност за одлична соработка со некој Рак, внимавајте тој е премногу чувствителен, попуштете му во некои размислувања.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не се преправајте дека не ги забележувате проблемите и не се обидувајте повеќе да ги избегнувате. Одложувањето може да го дуплира негативниот ефект. Обидете се да го контролирате вашето непотребно трошење на финасиски средства за работи кои не се потребни.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Внимателно бирајте ги вашите соговорници и бидете претпазливи со луѓето. Не е пожелно да споделувате ваши лични работи но и да дискутирате за перспективни идеи. Немојте да го криете вашето мислење, но немојте ниту да парадирате со него.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптеретувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо. Слушајте ги соработниците, тие ќе ви помогнат онаму каде што ќе заглавите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денешниот ден ви носи некои нови средби и контакти со оние кои отсекогаш ве поддржувале.Не сакате да правите компромис со оние кои не ви одговараат по многу работи, особено по нивните размислувања, во начинот на распределба на добивката во заедничката работа.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Некои работи денеска ќе ви тргнат наопаку. Не треба тоа толку многу да ве загрижува и наместо да губите време во чекање и паничење веднаш започнете со работите. Ќе бидете принудени да одлучите за некоја работа за која сеуште не сте сигурни. Внимавајте!

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ви се отвараат хоризонти кои досега ви делувале како невозможни. Ако сте поврзани со странство, студии, уметност, мода, работа со луѓе, ќе ви се отвори вратата за се што ќе работите. Сите креативни работи ќе се движат по нагорна линија. Некои од вас ќе обноват една пријатна друштвена врска и познанство.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во парашање може да има проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со партнерот. Малата плата ве демотивира максимално, и се повеќе се трудите што помалку да работите, тоа ќе се подобри во иднина, наскоро ви претстои подобрување на финансиската ситуација.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Работата ќе ви претставува терет, но и покрај тоа сепак ќе морате да работите. Сето тоа доведува до конфликти со колегите. Финансиската ситуација не е најдобра, но со обзир на тоа што друштвениот живот сте го запоставиле и тоа што го имате ќе ви биде сосема доволно.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Намалете го темпото. Размислете што е итно а што не е, и дали имате потреба од прекувремена рекреација. Одвојте време за љубов. Треба да разјасните некои ситуации кои колку повеќе ги одложувате, толку потешки ќе стануваат.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не се нервирајте поради мали недоразбирања. Ќе успеете да ги средите, само ако останете мирни и реагирате мудро. Не се обидувајте да ја завршите целата работа за еден ден. Најважно е дека работите и не го губите времето на празни приказни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП