11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ со службена победа, Работнички без бодот предвиден за поразената екипа

МЗТ со службена победа, Работнички без бодот предвиден за поразената екипа

derbi

Вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром синоќа во „Градски парк“ не го дочека својот крај и победникот ќе се решава по административен пат.

Според важечките пропозиции, поради самоволно напуштање на теренот и одбивање да го продолжи натпреварот тимот на Работнички службено ќе загуби, ќе остане без бодот кој се доделува на поразената екипа, а како „најцрно“ сценарио за нив е нивна преселба во лига од најнизок степен на натпреварување.

Од таборот на најтрофејниот македонски клуб и домаќин на синоќешниот дуел вината за прекинот ја префрлаат кон судиите и како што велат, МЗТ требал да победи по секоја цена.

Од друга страна, раководството на македонскиот шампион МЗТ Скопје истакнува дека „аеродромци“ со ништо не придонеле за прекинот и како што велат, сакале да се доигра натпреварот и на теренот да се одлучи победникот.

Натпреварот Работнички – МЗТ Скопје Аеродром синоќа беше прекинат на 13 минути пред крајот при резултат 51:35.

Судиите по неколку претходни опомени побараа да се испразни трибината со домашните навивачи поради често плукање и фрлање тврди предмети на теренот.

Работнички не сакаше да го доигра мечот без поддршката од своите навивачи и одлучи да не се враќа на теренот и покрај повикот на главниот судија Марјан Мицевски, по што беше отсвирен крај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП