3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKawasaki Ninja H2 (фото+видео)

Kawasaki Ninja H2 (фото+видео)

h2 1

Откако во јавноста се појави моделот наменет за возење само на патека, „Ninja H2R“, „Kawasaki“ во Милано ја претстави и уличната верзија наречена „Ninja H2“.

h2 2

Овој мотоцикл се базира на истата 4-цилиндарска машина со зафатнина од 998 ccm опремена со центрифугален компресор. Луѓето од „Kawasaki“, сепак се одлучија да не започнуваат „војна со коњските сили“, па го испочитуваа џентлменскиот договор меѓу производителите и моќта на „Ninjа H2“ ја задржаа на ниво 200KS или 210KS при големи брзини, благодарејќи на „ram-air“ ефектот. Доста ограничено, ако се потсетиме дека „H2R“ ослободува преку 300 коњски сили.

h2 3

„Kawasaki“ дизајнираше компресор така да има два преноси, што овозможува максимално искористување на целиот опсег на вртежи. Кога „Kawasaki Ninja H2“ ќе дојде во црвеното поле на 14.000 вртежи, компресорот прави 13.000 вртежи во минута.

h2 4

Уличниот „Ninja H2“ има многу електронски системи кои му помагаат на возачот полесно да го контролира преносот на моќта на подлогата. Тука се: контрола на тракцијата (KTRC), „Launch Control“ (KLCM), контрола на сопирање на моторот (KEBC), анти-блокирачките сопирачки (KIBS), „quick-shifter“ (KQS), како и електронски контролираниот „Öhlins“ моно-амортизер.

h2

Останатите делови вклучуваат целосно прилагодлива „KYB“ суспензија, напред и позади, и „Brembo“ сопирачки со дискови од 330 mm напред и сингл диск од 250 mm позади.

За жал на фановите, „Kawasaki Ninja H2“ нема да има прифатлива цена, која во региониот ќе биде околу 20.000 евра. За тие пари „Kawasaki“ не нуди ниту дополнително седиште, но благодарејќи на компресорот со сигурност друмската верзија со мали интервенции ќе постигнува моќ слична на „H2R“ верзијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП